ВМРО-ДПМНЕ: За три месеца работа, Владата на Заев не реализира ниту еден единствен проект

Од:

„За прв пат после 50 години, во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се основа првата државна кардиохирургија која чинеше над 2 милиони евра.

Клиниката функционира на комплетно нов простор, на површина од околу 750 квадратни метри и содржи две операциони сали, интензивна нега, болнички соби, приемна амбуланта и останати простории. Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 340 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви за само три месеци. За овие пари можеше да се изградат дури 160 вакви клиники со најсовремена здравствена опрема.

Зоран Заев и СДС не изградија ниту една. Зоран Заев и неговата влада наместо да изградат и реконструираат објекти, водеа расипнички комотен живот, а сето тоа на грбот и со партите на граѓаните.

Неспособниот Заев и неговата влада наместо да работат за потребите и интересите на граѓаните, да ги решаваат нивните проблеми, безмилосно ги трошеа народните пари.

Граѓаните гледаат дека за три месеца работа од Владата на СДС и Заев не е реализиран ниту еден единствен проект од кој сите ќе имаат бенефит и а со тоа и ќе се придонесе за зголемен стандартот.

Граѓаните гледаат дека нивните пари, односно 340 милиони евра, владата на СДС и Заев ги потроши за сопствено за луксузирања, опремувања на кабинети со цвеќиња, набавка на апетисани и службени патувања во странство, вработувања на партиски послушници и матни ликови.

Граѓаните го видоа недомаќинското работење на Владата на СДС и Заев.

Заев и СДС со ваква расипничкото трошење и цедење на државната каса, за брзо време ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот.

Крајот на ова недомаќинско работење на Владата на СДС и Заев ќе заврши на предстојните локални избори на 15-ти октомври. Граѓаните ќе ја казнат лошата политика на Заев и СДС. Граѓаните ќе го поразат Зоран Заев и СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки

Ескобар: Од ВМРО-ДПМНЕ добивме уверување дека земјата ќе остане на европскиот пат

Катерина Ѓуровски

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов