За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен. Шоферот на поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев е фатен како подметнува пожар. Тоа е планот на пироманската СДС, државата да гори а нивните апологети да креираат атмосфера на страв, паника и несигурност кај граѓаните. Но, нивниот план пропадна пред некој ден кога полицијата го уапси лицето А.Н., возач на Заев подметнувач на пожари. И самиот Зоран Заев, призна дека потпалувачот на пожари бил возач вработен кај него во општина Струмица. Дополнително, постојат и голем број фотографии кои ја потврдуваат блискоста на пироманот А.Н., како со Заев и со други лица на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, возачот на Заев може да се види на фотографии во негово друштво кога тој ги предаваше, таканаречените бомби во поранешното СЈО. На овие јавно достапни видеа и фотографии, Заев е во друштво со луѓето од највисока доверба, меѓу кои е и сега уапсениот негов возач. Во тој период, по укажување на него блиски луѓе и соработници, Заев беше опкружен само со проверени луѓе, а достапните видеа и фотографии сведочат дека меѓу нив е лицето А.Н.
Ако тој бил проверен и човек од највисока доверба на Заев, легитимно се поставува прашањето по чија насока дејствувал кога подметнувал пожари? Никој во државата не верува дека шоферот на Заев и негов човек од највисока доверба, сам на своја рака палел и предизвикувал пожари. Затоа, ако кај Венко Филипче останало барем некакво минорно чувство за државност, треба да излезе од ова сценарио за намерно палење на пожари. На него му стои на располагање само една опција, да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават негови блиски лица. Ако Филипче молчи за ова, како што молчеше за се до сега поврзано со Заев, во целост ќе потврди дека се едно со Заев, коми знаеме дека му се восхитува, и дека ја спроведува неговата политика и агенда во спротивност на интересот и на штета на државата. А, од друга страна, очекуваме работата на Јавното обвинителство да не биде како до сега и да го штити криминалот на СДС и ДУИ и оние кои за политички интерес ја палат државата. Правосудните органи мора да постапуваат и шоферот на Заев да добие најстрога казна, тврдат од партијата.