ВМРО-ДПМНЕ: За седум дена умреа 195 луѓе, ништо не е под контрола, Филипче веднаш да поднесе оставка

Од:

„Секој изминат ден, нов црн биланс во Македонија. За една недела умреа 195 луѓе поради неспособноста на Филипче, а
здравствениот систем е во колапс и надвор од контрола,“ обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, кое го пренесуваме во целост:

„Црните рекорди кои ги бележи Македонија во пандемијата од корона вирусот, под раководство на Филипче, никако да престанат. Во последното деноноќие починаа уште 24 лица, чиишто семејства се завија во црно, а од почетокот на пандемијата починаа 1.305 лица. Секојдневните статистики од министерството за здравство се повеќе од алармантни и загрижувачки. Четирицифрена бројка на заразени од КОВИД-19 во Македонија стана секојдневие.

Главен виновник за целата ситуација во државата поради КОВИД пандемијата е Венко Филипче. Поради неговата неспособност од почетокот на пандемијата до денес, бројот на македонски граѓани кои се заразија од вирусот надмина 47 илјади, а над 1.300 ја изгубија битката.

Овие алармантни бројки ни најмалку не го загрижуваат министерот Филипче. Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота и очај. Здравствениот систем е колабиран, исцрпени медицински лица, нема соодветна, а нема ниту терапија секаде. Граѓани умираат на пат до болница или во болничките ходници. Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство. Што има таму, што неспособниот Филипче не може да им го обезбеди во јавното здравство? Или пак, постои некој интерес на Филипче, што овозможи, приватните болници да се богатат на грбот на пациентите, додека државното здравство колабира!?

Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот.
Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност!
Оставка, Филипче веднаш!,“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски