ВМРО-ДПМНЕ за Битиќи од СДСМ: Како на грамофонска плоча, однапред снимените пресови на СДСМ личат на сапуница од 1000 продолженија

Од:

„Како на грамофонска плоча, однапред снимените пресови на СДСМ личат на сапуница од 1000 продолженија. СДСМ не прави ништо што е од помош на компаниите и граѓаните. Мерките се така направени да и оние малку компании кои се опфатени не сакаат да ги искористат. Нема соодветна помош за фирмите, освен за 100 тина. 50 проценти од работниците во угостителството се отпуштени. 140.000 работници останаа без работа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Фатмир Битиќи од СДСМ.

„Граѓаните и фирмите во овие тешки времиња кога се борат да го зачуваат своето здравје се оставени сами на себе.  Мерките на Владата се само шминка за наводна помош додека во реалноста не се широкоопфатни и корисни. Ваквите несериозни мерки само ја продлабочуваат економската криза и носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата. Владата на СДСМ континуирано се служи со импровизации во услови кога е потребна сериозност . Нивната суета и надменост не прави ништо добро и ја носи државата во амбис.СДСМ единствено води грижа за пи ар кампања во услови на криза“, додаваат тие.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ