ВМРО-ДПМНЕ: За 10 дена има 1141 новозаболен и 31 починат од корона, а на Заев приоритет му се избори на 5 јули

Од:

„Во ден кога Македонија бележи црни бројки од 125 нови заболени и 7 починати Зоран Заев зборува за избори на 5-ти јули.

Тоа само покажува колку се одлепени од реалноста и СДСМ и Зоран Заев. Наместо прв приоритет да им биде здравјето и животите на граѓаните, тие прават партиски калкулации да се одржат брзи избори на кои би изгубиле помалку, макар и по цена на човечки животи.
СДСМ поради неодговорното однесување и терањето кампања во време на епидемија создаде кластер од нивни функционери, а сега зборуваат за изборна кампања во која може да се заразат илјадници други граѓани на Македонија.

Само од почетокот на јуни навака, откако Заев и СДСМ зборуваа за некаква лажна нова нормалност во Македонија има 1141 новозаразен и 31 починат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајно неодговорно и безобразно од страна на Заев и СДСМ. Наместо политиката и изборите, врвен приоритет треба да им биде справувањето со епидемијата. Македонија по справувањето со епидемијата е рангирана меѓу најлошите во светот, рекордери сме на Балканот по заразени и починати од корона вирус на еден милион жители. Овие црни параметри сепак не го спречуваат Заев Македонија да ја претвори во европски Вухан, само и само да ја спаси својата политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Здравјето и животите на граѓаните мора да бидат пред се. Заев порано или покасно ќе изгуби на избори, затоа што во овие три години хибриден режим создаде галопирачка корупција, криминалитет и сиромаштија. Граѓаните тоа го гледаат и тоа ќе го казнат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски