ВМРО-ДПМНЕ: Воведувањето на прогресивниот данок е целосно промашување, власта призна дека доживеа економски дебакл

Од:

Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на македонската политика. Зоран Заев три години ја упропастува и ограбува државата. Цели три години ги помина со лаги дека блескаме и дека економијата оди напред, а сега гледаме како неговата министерка признава дека сме пред колапс. Сега гледаме дека Заев преку министерката Ангеловска ја признава измамата со воведување на прогресивен данок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерката Нина Ангеловска.

„Потребно е целосно укинување на прогресивниот данок и враќање на рамниот данок, а не негово времено запирање.

Граѓаните и бизнисите трпат штети поради аматеризмот на власта. Трпи и државата која има 50% помала наплата на данок на добивка како што призна денеска Нина Ангеловска.

Зоран Заев денеска ја пушти Нина Ангеловска место него да признае дека воведувањето на прогресивниот данок е целосно промашување. Власта денеска призна дека доживеа економски дебакл. Македонија три години стагнираше поради експериментите на власта.

Зоран Заев преку Нина Ангеловска денеска призна дека ефектот од прогресивниот данок е негативен. Заев со своите лоши политики предизвика селење на фирми и капитал од Македонија во земјите во соседството. Граѓаните никогаш нема да дознаат колку фирми заминале од државата, а колку одлучиле воопшто и да не инвестираат поради лошата даночна политика.

Зоран Заев и СДСМ се директно виновни и за даночната евазија за која што предупредивме дека ќе се случи уште при воведувањето на прогресивниот данок.

Заев и СДСМ се директно виновни и за сите млади кои се иселија од државата како резултата на прогресивниот данок, особено младите во делот на ИТ индустријата.

Аматеризмот при водењето на државата која денес ја демонстрираше СДСМ е доказ дека треба што побрзо да си заминат.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски