ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ воопшто немаше субвенции за земјоделците

Од:

За ВМРО-ДПМНЕ е зачудувачка тезата на СДСМ дека земјоделците немаат корист од субвенциите кои Владата ги одвојува и кои годинава изнесуваат 130 милиони евра.

Очигледно е дека СДСМ сака грубо да манипулира со јавноста или пак да најави дека крои укинување на субвенциите доколку дојде на власт. Ова нема да им биде прв пат, бидејќи во нивно време кога субвенциите во земјоделството беа нула денари, освен во последната година кога беа доделени на сила со штрајкови, протести и блокади едвај 5-6 милиони евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека бенефит од земјоделските политики на Владата имаат сите земјоделци. Посочува дека во 2011 година околу 93 илјади лица се корисници на субвенции за растително производство, од кои само за тутун се 31 илјада лица, додека за сточарско производство се префрлени субвенции на околу 30 илјади лица.

Втор факт дека СДСМ манипулира е дека и претседателот на Агро советот на СДСМ, Ристо Еленов е корисник на субвенции веќе години наназад, што говори дека СДСМ или нема врска со реалноста во земјоделието, или пак веќе се откажале од нивниот член Ристо Еленов, се потенцира во реакцијата и се додава дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на субвенционирањето на земјоделците.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар