ВМРО-ДПМНЕ: Во услови кога македонските национални и државни интереси се атакувани од надвор, МАНУ молчи

Од:

„Во услови кога македонските национални и државни интереси се атакувани од надвор, кога се негираат македонскиот народ, македонскиот јазик и името на државата, нашата највисока национална научна установа молчи.

Тоа е срамно.

Таки Фити, претседателот на МАНУ, го нема, молчи и се крие. Да имаше грам достоинство ќе застанеше и ќе го одбранеше својот личен углед, угледот на институцијата и угледот на Република Македонија.

Јавноста се прашува каков човек е Таки Фити, кога се повлекува и крие додека некој како Директорот на бугарскиот национален историски институт, јавно му порачува нему и на колегите од МАНУ дека се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати. Јавно ги навредува дека знаат за ризикот Зоран Заев да ги избрка од работа сите, ако тргнат против него. Затоа, според Димитров од лични лукративни мотиви велеле секогаш да. Тоа се луѓе – „ќе ми дадеш пари ќе се пишам Бугарин, тоа е многу старо“, заклучува Димитров.

Тој не застанува тука, туку продолжува да зборува за украдена историја и менување на македонските учебници по историја.

Цела Република Македонија е револтирана од ваквите јавни омаловажувања на државата, институциите и самиот народ, а Таки Фити мува не го лази.

Таки Фити лично може да се согласува или не, со тврдењата на Димитров или со најавите дека Заев договорил да се бришат учебници, но како Претседател на највисоката научна установа има обврска да ги брани националните интереси. Таки Фити со недели го нема да се произнесе за атакот врз македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Сега и кога го прозиваат дека е подготвен за пари да си го промени идентитетот, тој повторно молчи.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да гради добри односи со соседните земји, но во никој случај на штета на идентитетските теми и достоинството и угледот на македонската држава и македонските институции“, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?