„Додека СДСМ се фали со „успешноста“ на своите мерки за поддршка на македонското стопанство, илјадници наши сограѓани не знаат како ќе го поминат месецот бидејќи се оставени без приходи. За три месеци 15 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места и оставени се без извор на егзистенција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ги цитираат анализите на Бизнис конфедерацијата која укажува дека на околу 50 илјади граѓани работното место им виси на конец и им се заканува отказ во наредниот период.
„Бизнис секторот континуирано апелира за помош од државата, мерките кои се превземени ниту се навремени ниту се доволни. 99 проценти од македонските компании се директно засегнати од кризата, а околу 49 проценти од компаниите
имаат намалени приходи дури за 80 проценти. Стопанствениците како и граѓаните се оставени сами на себе“, стои во соопштението на партијата.