ВМРО-ДПМНЕ: Во Европа не се оди со два пати аболициран премиер

Од:

Втора година со ред неспособната влада на Зоран Заев не добива датум за преговори со ЕУ и покрај тоа што го смени името на државата и ги распродаде државните и национални интереси, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Претходните осум години кога Македонија имаше позитивни препораки за преговори со ЕУ услов за датум беше решение за спотот со името, но сега реалноста е дека Македонија не доби датум за преговори затоа што власта нема испорачано реформи.

Планот за реформи 3-6-9 со кој толку многу се фалеа се претвори во фијаско. Не успеаја да исполнат ни 42% од истиот. Воедно државата се повеќе тоне во корупција, судството и обвинителството работат по нарачка на аболициран премиер, а нема реформи ниту во aдминистрацијата.

Две години Заев ги лаже граѓаните дека датумот само што не сме го добиле. Дури и се сликаше во авион прославувајќи дека сигурно добиваме датум, за да една година после тоа се уште нема ни Д од датум за преговори со ЕУ.

Откако повторно добија студен туш од ЕУ, сега повторно манипулираат дека датумот го добиваме во октомври или декември, но пораката која ја добивме е дека во октомври ќе се донесе одлука. Притоа нема гаранција дека и тогаш ќе добиеме датум затоа што државата ни ја води најнеспособната влада во историјата.

Во Европа не се оди со два пати аболициран премиер, со партизирано судство и обвинителство, корупција местени тендери и непотизам во секоја пора во државните институции. Во Европа не се оди ниту со економија која тоне, уништено здравство и колабирано образование.

СДСМ и Зоран Заев докажаа дека ниту можат да спроведат реформи, ниту да го подобрат стандардот на граѓаните а уште помалку можат да не однесат во Европската Унија. Единствено што знаат е како да ги продадат државните интереси, да си ги прошират своите бизниси и да ги осиромашат граѓаните.

Со СДСМ и Заев граѓаните и државата стагнираат. Одговорност за неуспехот на власта, распродавањето на државата и криминалот мора да има. Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ