ВМРО-ДПМНЕ: Власта во мафијашки стил се заканува и врши притисоци кон просветните работници

Од:

Владата на СДСМ се однесува во мафијашки стил кон просветните работници. Врши бесрамни притисоци и закани во стилот земи или остави и во исто време им се заканува реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Штрајкот на наставниците е оправдан, а нивните барања се легитимни и се засноваат на колективен договор. Тоа што Владата се однесува игнорантски кон нив е резултат на одлепеноста на елитата на власт од реалноста. Тие нудат покачување на плати кои не се доволни ниту за два дена пазарење на основни намирници во маркетите. Инфлацијата го изеде стандардот. Само во месец март таа изнесува 8,8%, цената на маслото за јадење е зголемена за 100%, лебот е поскапен за 110%, горивата за околу 80%, струјата за 30% итн. Но милионерите од власта тоа не го чувствуваат и затоа така се однесуваат. Власта нема пари за просветните работници кои земаат нешто над минималната плата, а во исто време трошат милиони за цвеќиња, жардинери, фстаци, службени возила и хотелски услуги. Ете затоа народот е гневен се вели во реакцијата од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Стојко Рамов избран за претседател на СОНК

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче