ВМРО-ДПМНЕ: Власта нема легитимитет да го менува Уставот

Од:

Откако Владата објави дека ќе достави предлог за изменување на Уставот, а пак пратеничката Фросина Ременски ги повика пратениците да гласаат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат „Зоран Заев нема легитимитет да го менува Уставот за да го смени уставното име на Република Македонија“.

„Зоран Заев нема легитимитет да ги менува идентитетот, историјата, културата и традицијата на Република Македонија. Покрај сите нерегуларности, заплашувања, поткупувања и полнење на кутии граѓаните кажаа НЕ.

1 милион и 200 илјади граѓани му дадоа црвен картон на Зоран Заев и на СДСМ на референдумот. Граѓаните не ја поддржаа неговата антидржавна политика и му порачаа дека договорот од Преспа за промена на името е правно – политички мртов.

Секој обид за насилно туркање на договорот од Преспа во Собрание е силување на волјата на граѓаните.

Зоран Заев треба да се откаже од капитулантскиот договор за промена на името.

Општествено – политичкиот хаос кој го создаде Зоран Заев мора да заврши. Политичарите од транзицијата кои ја узурпираат власта во Република Македонија мора да си заминат. Република Македонија мора да тргне напред“, се наведува во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи