„Нов ден со троцифрен број новозаразени од корона поради неспособноста и неодговорноста на власта на Заев. Македонија има речиси 14 илјади заразени и скоро 600 починати, со што сме црна точка во Европа.
Но криминалната власт на Заев не се грижи за граѓаните. Фрлени се максимално на криминал и раскрчмување на државата. За тоа говорат црните бројки во економијата. Македонија е единствена земја во која пропадна банка во овој период, скандал тежок скоро 200 милиони евра и 100 илјади блокирани сметки“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Дополнително државата ја задолжија за една милијарда евра за само три месеци, без никаква реална помош на економијата, туку исклучиво за изборен поткуп.
36 илјади граѓани останаа без работа, а најмалку уште толку не ја земаат редовно својата плата. Оваа влада на Заев направи рекорден буџетски дефицит од 520 милиони евра за првите седум месеци и постои основан страв кај експертите дека до крајот на годината нема да има доволно средства за сервисирање на обврските на државата.
Владата која ја предлага Зоран Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата. Оваа власт на Заев е власт со која ќе царуваат криминалот, корупцијата, додека економијата тоне, а народот осиромашува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.