ВМРО-ДПМНЕ: Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта

Од:

Зоран Заев и СДСМ паѓаат. Власта нема поддршка од граѓаните, тоа го покажуваат и анкетите. ВМРО-ДПМНЕ е во сигурно водство во однос на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Затоа власта е исплашена и во паника притвора и прогонува функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителството на Зоран Заев вчера од чисто политички мотиви ги уапси Димитар Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја објави аферата за насилникот Курто Дудуш и Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, кој и нанесе тежок пораз на власта во оваа скопска општина.

Со политичкиот прогон врз Димовски, Митевски, Јанакиески и останатите, Зоран Заев не може да го покрие разочарувањето и катастрофата која секојдневно им ја приредува на граѓаните.

Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта, затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ.

Криминалната влада на Зоран Заев мисли дека со монтирани случаи ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, како криминалот, рекетот, непотизмот, корупцијата, урнисаното образование, неуспесите во земјоделието и сите катастрофи кои ги причини оваа власт.

Заплашувањата нема да успеат. Граѓаните одамна препознаа дека со СДСМ државата не може да оди напред. Во услови на вистински режим 25 % од граѓаните го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 23.1 % за СДСМ. Поддршката на сметка на ВМРО-ДПМНЕ само ќе расте и СДСМ тоа го знае.

Доаѓа денот за одговорност, Заев и сите негови пулени на функции ќе треба да се соочат соправдата.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

Манасиевски: Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, сега е кафуле на другар на Апасиев

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед

СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат