ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Од:

Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период, за тоа треба да одлучува идната влада. Надвор од секое нормално делување е СДС и ДУИ да вршат избор на тендер од 250 милиони евра на неколку недели пред избори, во период на техничка влада. Наместо борбени хеликоптери, власта набавува транспортни, со што не ја зголемува борбената готовност на АРМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дополнително никој не знае како е изберена фирмата Леонардо, и зошто не се изберени другите компании меѓу кои американска компанија или германско-француски конзорциум. Како е извршен изборот и кој ја донел одлуката што всушност да се набави. Наместо трошење на 250 милиони евра пред избори, да се стопира набавката и по неа да одлучува идната влада. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито