ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од СДСМ призна дека за два месеци вработиле 4.131 партиски војник

Од:

„СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори фрли темна дамка.

Владата предводена од СДСМ призна дека за само два месеци вработиле 4.131 партиски војник. Со оваа изборна корупција Зоран Заев сака да го намали поразот, надевајќи се дека ќе избегне одговарност за сторените криминали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вработувањето на партиската армија во администрацијата се случува и после договорот за избори и техничка влада, со што СДСМ свесно го нарушува претстојниот изборен процес.

Зоран Заев треба да знае дека оваа армија од партиски послушници сместени во администрација нема да му помогне да побегне од правдата.

Зад секој вработен партиски војник во администрацијата стои по еден разочаран граѓанин чии квалитети не се препознаени од владата.

Токму затоа се случува егзодусот на квалитетни кадри. Поради задоволување на апетитите на СДСМ, граѓаните ја напуштаат Република Македонија.

СДСМ за овие три години донесе само неуспех и уназадување во сите сфери на општеството. СДСМ мора да си замине за да стартува обновата на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он