ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев нема министер за привлекување на инвестиции, статистиката покажува одлив на странски капитал

Од:

„Од државата се одлеваат странски инвестиции затоа што владата на Заев е криминална и затоа што нема ниту еден министер за привлекување на инвестиции.

Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупнуите директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9.3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните.

Од почетокот на годината до денес немаме ниту една нива инвестиција во државата, и капиталот што влегува во државата е реинвестиција на постоечките капацитети, кои се дојдени и инвестирале во државата благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Епилогот на ова е драстичен раст на невработеноста“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„За само 5 месеци во државата има 40.000 невработени лица повеќе. Тоа е резултат на неспособноста на Зоран Заев и желбата да се задоволи личниот и партискиот интерес пред државниот.

Бројот на работните места уште сега опаѓа, а тоа го покажуваат и релевантни институции.

Државниот завод за статистика вчера објави податок дека бројот на работници во индустријата во периодот јануари – јули оваа година во споредба со лани е намален за 4.6 %.

Македонија има влада која нема да создава инвестиции и нема да генерира нови работни места.

Заев покажува невиден аматеризам и ја става иднината на државата во раце на луѓе кои немаат план и не знаат како.

Македонија како последица на лошите политики е симната на листата на Дуинг бизнис, каде своевремено беше на високото 10 место, а сега е на 17 место, со ваква влада уште ќе паѓа, а бројот на компании кои би се решиле да дојдат во Македонија се повеќе ќе се намалува.

СДСМ ниту има план, ниту стратегија што со Македонија. Колку повеќе е Заев на власт толку поголеми ќе бидат штетите по државата“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски