ВМРО-ДПМНЕ вели дека Шилегов ќе изгуби против секој кандидат, бил бетер од Барон Минхаузен

Од:

„И Барон Минхаузен е подобар од Шилегов, тој ќе изгуби без разлика кој му е противкандидат“, порача денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која го обвини градоначалникот дека „наместо да работи, дели тендери и плаќа двојно поскапо од тоа што се плаќа од метрополите во регионот“.

„Видовме како Шилегов плати 900.000 евра повеќе за противпожарно возило со скала од град Загреб. Наместо да работи за скопјани, Шилегов плати 500 евра за клупи од тропско дрво. Петре Шилегов изминативе 4 години не направи ништо за Скопје. Тој ќе биде запаметен по едно големо ништо. Шилегов вети тунел под Кале, продолжување на булеварот Илинден и нови булевари, 4 години подоцна Шилегов нема ниту еден капитален проект. Наместо да се занимава со градење, Шилегов гледа како работници од ЈП Паркови и зеленило или ЈП Комунална хигиена чистат улици или садат дрвја и за тоа се слика и вика камери за изјави. Шилегов не домаќински работи и со парите на скопјани. Прави набавки и плаќа двојно повеќе од тоа што плаќаат другите градови во регионот. Со Шилегов Скопје тоне. Шилегов го унакази градот. По смената на Шилегов градот ќе тргне напред. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски