ВМРО-ДПМНЕ утре пак ќе протестира против поскапувањето на струјата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги повика своите членови и симпатизери на нов против покачената цена на струјата, кој ќе се одржи утре пред Регулаторната комисија за енергетика.

Еве го во целост соопштението од партијата:

„Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ и Заев граѓаните од ден на ден живеат се посиромашно. Поради неспобноста на оваа влада да се справи со пандемијата од месец март до денес над 40.000 граѓани ги изгубија своите
работни места и се оставени без никакви примања.

Во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, а власта предводена од Заев нема слух за ова. Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра, и без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани утре 31.10.2020 пред Регулаторна Комисија за енергетика во 12:30 на собир на кој ќе се изрази револтот и порака за крај на сите овие погубни политики на СДСМ“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал