ВМРО-ДПМНЕ: Успешно се реализира проектот за бесплатна банска рекреација на пензионерите

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2010 година успешно го реализира проектот бесплатна банско-климатска рекреација на пензионери. Во тек е повикот за аплицирање на нови корисници кој трае од 20 јануари до 20 февруари со кој оваа година ќе бидат опфатени 5.500 пензионери, истакна на денешната прес-конференција Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Досега, заклучно со 2016 година, овој проект, како што рече, имаа можност да го користат 36.700 корисници на пензија.

– Право на овој проект имаат сите корисници на пензии и може да го користат еднаш во период од втората половина на март до ноември секоја година во траење од 7 дена, што опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, здравствен преглед и трошоци за превоз во висина од повратна автобуска карта од местото на живеење до установата кај што се користи услугата, рече Колариќ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека досегашниот интерес за овој проект е само потврда на неговата успешност и смета дека овој проект треба да продолжи да се реализира во наредните најмалку четири години, со кои во просек би биле опфаќани по 5.500 корисници на пензии, односно нивниот број да биде 22.000 пензионери за четири години.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години покажа вистинска грижа за пензионерите, како никогаш досега се спроведоа голем број проекти со кои се подобри и нивниот животен стандард, истакна Колариќ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ