ВМРО-ДПМНЕ: Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП

Од:

„Угостителите остануваат без работа, фирми тонат, а Шилегов на градски товар става 175 лица преку ЈСП.

Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за вдомување на партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој поголемиот број не се шофери, кои се дефицитарни е полнење на администрацијата на оваа претпријатие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо истиот да се искористи за таблети, тестови или вакцини се троши за партиски вработувања.

ЈСП има недостаток на шофери, но за Шилегов тоа не е проблем, негова преокупација е како да вработи оперативен директор, цоветник за примена на јазиците и инжинер за инвестиции во ЈСП.

Шилегов го претвори ЈСП во фирма за вдомување на партиски кадри, а Скопје има делува каде нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне.

И се додека е Шилегов градот ќе тоне“, соопштуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски