ВМРО-ДПМНЕ тврди дека зад објавите „Убијците од Кочани“ стои Венко Филипче и неговите структури

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери, објавија од партијата.

– Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера, на 16.9.2025. Од WHOIS-записот не се гледаат јавни детали за вистински регистрант или крајни сопственици. Ова јавно отсуство на податоци, во комбинација со именуваните name servers и регистратор, укажува на обид за анонимност и прикривање на вистинските нарачатели и сопственици на сајтот, што дополнително ги засилува сомнежите дека станува збор за намерна, организирана кампања со цел политичка манипулација и сокривање на траси кон вистинските иницијатори.

За ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека зад вакви обиди стојат структури блиски до Венко Филипче и неговите инсталации, кои со години злоупотребуваат политиката и јавниот простор за лични и партиски цели.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна реакција на надлежните институции. Не сакаме да веруваме дека некој сака по уште еден пат да предизвика болка, овојпат преку гнасна политичка злоупотреба на оваа трагедија. Зарем Обвинителството ќе остане немо на вакви содржини кои директно шират омраза, дезинформираат и претставуваат закана за безбедноста на луѓето? Дали институциите ќе ги испитаат регистраторските траги и ќе утврдат кои стојат зад анонимниот сајт и кој ги нарачал овие монструозни материјали?

Јавноста мора да знае дека обидот да се оцрни политичкиот противник преку вакви монструозни конструкции не е ништо друго освен признание за немоќ и недостаток на идеи. Болката на семејствата мора да остане света и недопирлива, а не инструмент за најниска политичка злоупотреба.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на демократијата, дијалогот и решавањето на проблемите на граѓаните преку одговорни политики, а не преку ширење на омраза и лаги, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Претседател на фиктивни картички за гласање испазарен со ВМРО-ДПМНЕ, Платформата му одговори на Филипче

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус