ВМРО-ДПМНЕ:Трендафилов ги манипулира работниците, отвара теми на кои СДС, ДУИ и Левица се лепат со предлози и наводни решенија

Од:

Слободан Трендафилов е испостава на СДС, Левица и ДУИ.Слободат Трендафилов не е никаков синдикалец, тој спроведува политики усогласени со, јавно необјавената, опозициската коалиција СДС-ДУИ-Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– ССМ под водство на Трендафилов, нема свое автентично делување за заштита на работничките права, туку следи насоки дадени од опозициjaта. Наместо на синдикално делување, Трендафилов свесно се стави во канал на партиско делување и одработување за СДС, ДУИ и Левица, а работниците и членовите на ССМ ги манипулира. Но, тие се прочитани и нивниот план е разобличен и осуетен. Иако коалицијата сеуште ја кријат, јавноста многу добро знае дека СДС, ДУИ и Левица имаат премолчена коалиција, а тоа се гледа и во нивните јавни настапи и координирани теми за прес-конференции и партиски соопштенија. Затоа прашуваме, Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со опозицијата на чело со СДС и со кого се координира пред секој јавен настап? Повикуваме, Трендафилов да престане да ги лаже работниците и јасно да каже, дали СДС, ДУИ и Левица му кажале да излезе со илузорни барања, за потоа да се налепат на темата со прес-конференции?

Исто така, Трендафилов да каже дали самите работници го осуетиле и го разоткриле планот на СДС, ДУИ и Левица кој тој го спроведува, па цела недела порано опозициската коалиција се приклучила со наводни предлози и решенија?

Паниката од разобличувањето на нивното усогласено координирање е голема и ка Слободан Трендафилов и кај СДС, ДУИ и Левица. Тоа може да се види од внатрешното делување во ССМ и промените на Статутот кои се прават на секој месец два, како и од хистеријата што оваа коалиција секојдневно ја креира.

Кај Слободан Трендафилов нема ни трошка грижа за работничките права, тоа е само глума пред јавноста и лажење на синдикалците, одработувајќи и отворајќи им теми за партиско делување на очајната опозициска коалиција составена од СДС, ДУИ и Левица.

Нивниот план е откриен, а делувањето прочитано, затоа ќе продолжиме со разобличувањето на Трендафилов и неговата поврзаност со опозициската коалиција СДС, ДУИ, Левица, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Трајчулески: Минималната плата од 600 евра е прашање на достоинствен живот, не само бројка

На собраниска комисија не помина Предлог-законот за минималната плата

(ВИДЕО) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците