ВМРО-ДПМНЕ: Тепачот на жени Ацевски држи партиски пресови во состојба кога пола Македонија се уште е отсечена од снег

Од:

Костадин Ацевски е поранешен пратеник сега директор на Македонија Пат кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција. Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Костадин Ацевски, челнот на извршниот одбор на СДСМ.

– Впрочем доколку некој се прашува зошто сеуште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови. Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството. Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање. Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски. Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на Македонија, порачуваат во реакцијата од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он