ВМРО-ДПМНЕ: Судењето потврди дека шемата со рекетирањето бизнисмени одела со помош на Заев и функционерите од власта

Од:

Судењето за случајот Меѓународен Сојуз покажа дека највисоките партиски функционери од СДСМ, почнувајќи од Заев, биле дел од шемата за изнуда на пари од бизнисмени за наводна изградба на старечки домови. Ваквите пари биле користени и за финансирање на телевизија преку маркетинг услуги, истата телевизија за која во аудио-материјалите самииот Заев кажуваше дека му помагале да обезбеди пари токму преку маркетинг- велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата ова е само потврда на целата мрежа на рекетирање на пари кои потоа со Луј Витон чанти заминувале во правец кај главата на рекетарскиот октопод. Зоран Заев е капо ди тути капи и без негово знаење и одобрување ништо не било направено. Потсетуваат дека и самиот обвинет Јовановски јасно и гласно кажа дека рекетираните пари во Македонија завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

„Патем скандалот да биде поголем од рочиштето уште еднаш се потврди селективноста на правосудниот систем, односно во обвинението не се опфатени лица како синот на поранешната обвинителка Катица Јанева, чиј потпис стоел на проектите преку кои се изнудувале парите. Тоа само покажува дека апсолутистот во државата Зоран заев влијае врз судството, обвинителството, кому ќе му биде поднесено обвинение, а кому не. Заклучокот е јасен. Заев е тој кој стои зад рекетот и се додека е на власт овие правосудни органи кои му се ставени во скут, никогаш нема да го осудат. Но и Заев и јавноста знае дека правдата порано или подоцна ќе го стаса и ќе одговара“ – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО–ДПМНЕ вечерва објави 16 кандидати за градоначалници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали службите за безбедност под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на Коцевски?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ги штити луѓето кои прислушкувале и обвинителите кои тоа го дозволиле

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година