ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски немајќи со што да биде актуелен денес промовираше донирани чизми

Од:

„Оливер Спасовски немајќи со што да биде актуелен и немајќи проекти зад својата работа, денес тој промовираше чизми, и тоа донирани, на фанфари, со медиуми. Точно, тој промовираше и јавно се пофали со чизми кои не се инвестиција на владата туку донација од друга држава.

Промоцијата на чизми е врвен показател за владината неспособност.

Додека наместо да се фали со работи кои треба да му бидат негова вообичаена обврска, новите полицајци немаат униформа и ја набавуваат со сопствени средства. Ова се прави во време кога владата троши илјадници евра пари за набавка на морски плодови, лешници, бадеми, ф’стаци. Владата ја враќа Македонија во деведесетите, кога главен дострел беше промоција на некоја донација и помош. Очигледно нема со што друго да се пофали“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он