ВМРО-ДПМНЕ: Советниците на СДСМ во Центар одлучија да се укине ИБ програмата во „Кирил и Методиј“

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека советниците во општина Центар од редовите на СДСМ донеле одлука со која му се препорачува на училишниот одбор во основното училиште „Кирил и Методиј“ да изгласа стопирање на меѓународната ИБ програма.

– Станува збор за одлука со која советниците од редовите на СДСМ и коалиционите партнери ја запечатија судбината на најстарото училиште во Република Македонија, основното „Св. Кирил и Методиј“, да стане и првото акредитирано училиште во земјата кое работи согласно престижната меѓународна ИБ програма, во чиј фокус е поттикнување и стимулација на учениците да истражуваат, да го покажуваат својот талент, да развиваат вештини, да стекнуваат трајни знаења и критички да размислуваат, истакна Марија Ангелова на прес-конференција.

Таа посочи дека одлуката на Советот е скандалозна бидејќи во септември 2016-та година, истите советници ја усвоиле годишната програма за работа на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во која менаџментот на училиштето се обврзува да обезбеди континуитет на наставата согласно ИБ програмата во учебната 2016/2017-та.

– Јавноста треба да знае дека иницијативата за укинување на меѓународната ИБ програма во училиштето „Кирил и Методиј“ во Центар на само четири дена пред финализирање на процесот на поднесување апликација за акредитирање, не е волја на наставниците, родителите и учениците. Многумина родители ги запишале своите деца во ова училиште, токму поради имплементацијата на ИБ програмата која е воведена со одлука на училишниот одбор уште во 2013-тата година и за која се добро информирани, а сега со нејзиното укинување, всушност се менува концептот и пристапот на работа со децата. А, исто така, пропаѓаат и финансиите кои досега се одвоени од државниот буџет за оваа намена во износ од околу 100 илјади евра, рече Ангелова.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до Советот на општина Центар и до училишниот одбор на „Кирил и Методиј“ да ја преиспитаа одлуката и да донесат одлука во интерес на учениците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ