ВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот и веднаш да ја отповика Душица Димитриеска од УО на Академијата

Од:

Советот на јавни обвинители по стапките на Судскиот совет. Пред два дена објавивме како Судски совет изврши директен упад во Академијата за судии и јавни обвинители, сега веќе сведочиме дека истото го направил и Советот на јавни обвинители. Наместо за член на Управниот одбор на Академијата да предложи и назначи член од редовите на обвинителите, советот ја назначил неговата претседателка, Душица Димитриеска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители и флагрантно кршење на законските норми. Во член 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси јасно е прецизирано дека се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или правно лице кое располага со државен капитал. Претседателката на Советот на Јавни обвинители, во случајов Душица Димитриеска, е именувано лице и истата не смее да биде и во УО на Академијата која што треба да ги произведе идните генерации на судии и обвинители.

Освен што е направен директен упад и флагрантно кршење на законот, во случајов со назначувањето на Димитриеска за член на УО на Академијата мириса и на политичка замешаност од опозициската СДС. Имено, претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска е мајка на Ема Нешкоска која е член на Советот на општина Гостивар и која на последните парламентарни избори во мај беше кандидат за пратеник од редовите на СДС. Со ваквиот начин на работа, вршејќи упади во независни институции кршејќи ги законите, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители дополни го уриваат имиџот и довербата на граѓаните во правосудните органи. Да не се чудиме после зошто и таа ниска доверба од граѓаните од само 2%, може дополнително да се намали. Затоа е потребна итна реакција и одговорност и го повикуваме Советот на јавни обвинители да престане да го крши законот и веднаш да го отповика својот предлог, Душица Димитриеска од член на УО на Академијата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски