ВМРО-ДПМНЕ: Советницте на СДС не гласаа за ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти во Центар

Од:

„Дали господин Зоран Заев и СДС уште еднаш ја изманипулираа целокупната јавност? Иако Заев вети јавно пред целокупната македонска јавност дека нема да го блокираат референдумското изјаснување по повод доселувањето на мигрантите дали сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?

Советниците на СДС вчера на седницата во општина Центар не гласаа за ставање на дневен ред на точката за распишување на референдум за населување на мигранти во општина Центар.

Нас како советничка група не ни јасно од што СДС толку многу се плаши што не дозволи ова прашање да се стави пред жителите на Центар и на тој начин им ја ускрати можноста на Центарци да се изјаснат по ова прашање.

Дали Владата на СДС со секој свој чекор, ја потврдува нивната стратегија и план, за трајно населување на Република Македонија со илјадници мигранти, а дел од нив и во општина Центар?

Колку е сериозната работата говорат дузината дописи, кои што министерството за труд и социјална политика ги има пратено до општините во кои што се бара обезбедување на локации за градба на објекти, кои што ќе бидат наменети за населување на мигранти.

Наместо да се служат со лицемерие, невистни и манипулации јавноста очекува власта приоритетно да се посвети на обезбедување на работни места и подобар стандард на нашите граѓани, а потоа да размислува на егзистенција на стотици илјади мигранти кои што трајно би ги населиле на територијата на Република Македонија и во општина Центар.

СДС во Општина Центар покажа како целосно неодговорно се обидува да го игнорира мислењето и да ја спречи волјата на граѓанско здружение и да спроведе стратегија спротивно со волјата на дел од жителите на Центар.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Центар секогаш ќе се залага приоритет да биде грижата за граѓаните на Општина Центар и за нив да се обезбедат подобри услови за живот.

Граѓаните секој ден се поизненадени од негрижата и неодговорноста од работењето на власта на СДС. Затоа ваквите политики ќе бидат жестоко казнети на 15-ти Октомври“, изјави Горан Богдановски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски