ВМРО ДПМНЕ: Согласно позитивно-правните прописи, пратениците не земаат екстра дневници

Од:

Политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до јавноста побара исправка на податоците презентирани во емисијата Скен: “Клати врата -земај плата“.

Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, го пренесуваме во целост:

„Ви испраќаме информација за исправка на податоците кои ги презентиравте во емисијата Скен: “Клати врата -земај плата“, објавена на вашата интернет страница и на вашиот канал на Youtube.

Како прво, би сакале да ги исправиме наводите:

“…за работата во работните групи, нели, пратениците земаат екстра дневници…“(4:18). Согласно позитивно-правните прописи, пратениците не земаат екстра дневници.

Како второ, од податоците кои се презентираат, може да се заклучи дека станува збор за извештај јули-декември 2021 година. Во наведениов извештај пратеникот Александар Велјановски има 4 говори на пленарни седници и 6 реплики. Има поднесено вкупно 425 амандмани и 23 предлог закони и други акти.

За последните 6 месеци Собранието сеуште ги нема објавено официјалните податоци, а во овој период истиот пратеник има повеќе од 6 говори на пленарни седници и најмалку десетина на работни тела.

Во делот од емисијата, посветен на пратенички прашања, сакаме да ве информираме дека листата со пратеници кои сакаат да постават пратенички прашања се доставува 24 часа пред почетокот на седницата. За жал, поради динамиката на водење на седниците, до сега никогаш не се случило сите заинтересирани пратеници, наведени на листата, да стигнат на ред, за да постават прашање.

Бројот на пратеници кои сакаат да постават пратеничко прашање е неколкукратно повисок од презентираните.

Ја поздравуваме вашата иницијативата за следење на работата на Собранието, а во насока на правилно информирање и презентирање на точни и вистинити информации во јавноста, се надеваме дека ќе најдете најсоодветен начин информациите кои ги презентиравте да бидат исправени, со цел да бидат навистина објективни и непристрасни“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски