ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за ваучери за компјутери за студенти е реален и издржан

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предложи предлог-закон за издавање вредносни бонови – ваучери за купување компјутер за редовни студенти од семејства со ниски примиња, како и за лица со посебни потреби кои студираат на некоја од високообразовните установи во Република Македонија.

За предлогот, за кој вчера соопшти Драган Данев, денеска Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ исто така посочи дека ќе им ги подобри условите за студирање на оваа категорија студенти. Очекува пратениците од СДСМ да го поддржат нивниот предлог.

Можноста за набавка на компјутер со овој предлог би ја имале редовни студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, односно 45.344 денари нето приход и кои првпат се запишани во трета и четврта година на студии во Македонија.

– Доколку СДС се однесува како одговорна власт и ги стави во преден план потребите на студентите, а не партиските потреби, тогаш ќе го усвојат овој предлог-закон. Овој наш предлог е реален, издржан, конструктивен и аргументиран, и кога ние бевме на власт ние го реализиравме, што значи дека кога СДС би имал искрен однос кон студентите и би имал волја за помош, би требало да го поддржи овој закон, рече Ласовска.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност