ВМРО ДПМНЕ: Со резерва да се земаат лажните брифинзи на СДСМ, Заев на лидерската осамен во желбата по цена на здравјето за брзи избори

Од:

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста, велат дека со резерва треба да се земат во предвид, според нив, лажните информации од СДСМ и нивните брифери кои сакаат Зоран Заев да го прикажат во лажно светло.

„Факт е дека Зоран Заев борејќи се за потесен пораз лобира на лидерската средба брзи избори на штета на здравјето на граѓаните.

Зоран Заев е изолиран во својата намера да организира брзи избори на штета на здравјето на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ е најважно здравјето на граѓаните, а потоа слободни, фер и кредибилни избори на кој Зоран Заев ќе го доживее најтешкиот дебакл во својата политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски предложи конкретен план во 4 чекори со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори. Се друго е манипулација брифирана од СДСМ и Власта“, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито