ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

Од:

Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар.

Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија.

Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем.

Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка