ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за Димитров: Го понижи македонскиот народ

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е незадоволна од работата од шефот на дипломатијата Никола Димитров. Особено му забележуваат за изјавата со која за македонската нација на седница на Комисијата за уставни прашања ја нарече „нација со комплекс“.

На интерпелацијата како прв потпишан е пратеникот Антонио Милошоски, по него се координаторот Никола Мицевски, екс спикерот Трајко Вељаноски и поранешниот колега на Димитров, Никола Поповски. На листата со потписи за поддршка на интерпелацијата ги нема Илија Димовски, поранешниот координатор Драган Данев, пратеничката Даниела Рангелова и пратеникот Влатко Ѓорчев.

На 28. Јануари, понеделник, пратениците ќе расправаат и гласаат за интерпелацијата за работењето на министерот за надворeшни работи Никола Димитров. 24 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ., потпишани на интерпелацијата сметаат дека министерот, функцијата ја извршува несовесно, со потценување на народот, особено преку неговите јавни изјави дадени во Собранието на Република Македонија, со кои на крајно понижувачки начин за македонската нација и навреди истата нарекувајќи ја “нација со комплекс”, со што го нарушува угледот и достоинството на македонскиот народ и целата нација, но и на Република Македонија како самостојна држава во кор основни носители на суверенитетот се токму граѓаните како припадници на нацијата.

На интерпелацијата како прв потпишан е пратеникот Антонио Милошоски, по него се координаторот Никола Мицевски, екс спикерот Трајко Вељаноски и поранешниот колега на Димитров, Никола Поповски. На листата со потписи за поддршка на интерпелацијата ги нема Илија Димовски, поранешниот координатор Драган Данев, пратеничката Даниела Рангелова и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Во интерпелацијата ВМРО-ДПМНЕ напишале:

„Во член 2 од Уставот е утврдено дека Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

Во членот 9 од Уставот е утврдено дека граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Токму затоа со оваа интерпелација за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ имаме намера преку средствата што ги нуди Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, да поведеме постапка за моралната, професионалната и политичката одговорност на министерот Димитров, а преку тоа да се обидеме во иднина да спречиме слични вакви недолични и понижувачки поведенија од било кој министер, од било која влада, кон граѓаните, народот и нацијата на Република Македонија“.

Според Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24,00 часот.

Би можело да ве интересира

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

Манасиевски: Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, сега е кафуле на другар на Апасиев

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

Власта молчи пред дивеењето на Мијалков на Охридското езеро, обвинува Левица

Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед

СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат