ВМРО ДПМНЕ смета дека одлуката на Рама за границите е шамар за Заев и Спасовски

Од:

Опозициската ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до јавноста реагира на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама.

„Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров. Ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива. За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија“, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Рама исклучува дијалог со Иран: „Со терористи нема преговори“

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Вучиќ и Рама заеднички бараат делумна интеграција во ЕУ

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела