ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што Заев вели дека е легитимно неговите коалициони партнери да имаат средба со мафијаши

Од:

„Аферата „Мафија“ покажува инволвираност на луѓе од власта на Заев и најтесна соработка со криминалци, нарко – босови и мафијаши.

Скандалозно е што Заев вели дека е легитимно неговите коалициони партнери да имаат средба со мафијаши.

Во која друга земја пратеник од власта е во друштво со мафијашки структури, во која друга земја полицајци се лично обезбедување на мафијаши“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски вади пасоши за мафијаши, полицијата ги чува, а Заев одобрува, ова накратко е шемата по која се делеле пасоши и државата овозможувала логистика за нарко картелите.

Спасовски да одговори, зошто нема потерница за луѓето кои ги користеле пасошите од аферата „Мафија“? Зошто никој не проверува дали има ланец на перење на пари организиран од овие нарко – босови.

МВР на Спасовски досега обезбедувал логистика на лица поврзани со италијанската, албанската, црногорско српската и турската мафија.

Заев и Спасовски ја претворија државата Колумбија на Балканот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски