ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери

Од:

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение до јавноста, објави аудиоснимка, во која велат дека се слуша гласот на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш!

Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен.

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието.

Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив.

Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници.

Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато. Ова не смее никогаш повеќе да се повтори.

Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро“, велат од ВМРО ДПМНЕ во соопштението.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски