ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во влада и ја партизираат

Од:

„Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во влада и ја партизираат. Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во влада и да држат Коалициони состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните Коалициони партнери“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на Димитар Ковачевски.

„Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде.

Ковачевски не кажа ниту што мисли за Францускиот предлог.

Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е Францускиот предлог или дека не го видел.

Во однос на кризите, особено енергетската во делот на струјата оваа влада е најодговорна. Тие правеа криминал во РЕК и ЕЛЕМ, за сега да не се произведува доволно струја, која се покрива со скап увоз.

Сиромаштијата која е се поприсутна е вина на СДСМ и ДУИ. Народот плаќа и до 100% поскапа храна.

Криминалот, корупцијата и неработата на СДСМ и ДУИ не се решение за Македонија. Предвремени парламентарни избори час поскоро“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ