(ВИДЕО) Ковачевски: Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните

Од:

Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по средбата со коалициските партнери.

Тој го реафирмираше ставот дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година.

Во однос на најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека ако нема договор за предвремени избори до крајот на летото ќе го блокираат системот, Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања рече дека уцени не прифаќа.

„Тие ги блокира општините откако станаа градоначалници. Во сите градови по првичното фотографирање каде беа промовирани претходни проекти на СДСМ веќе нема ни фотографирање, бидејќи не постојат нови проекти“, рече Ковачевски.

Во однос на најавите за блокадатите во Собранието, како што рече, секој може да блокира, но тоа не е одговорно. Апелираше до пратениците на опозицијата да бидат на ниво на задачата бидејќи законите се од интерес на граѓаните.

На прашањето како ќе функционира државата во време на криза со оглед на несогласувањата со опозицијата, Ковачевски одговори: „Државата ќе функционира како до сега“ и обраложи дека и досега се носат антикризни мерки кои даваат резултати.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски