ВМРО-ДПМНЕ: СЈО се претвори во филијала на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја нападна специјалната обвинителка Катица Јанева со писмено соопштение наведувајќи дека СЈО се претворило во филијала на СДСМ.

„За повеќе од една година, Катица Јанева потроши околу 4 милиони евра, а не направи ниту еден чекор со кој ќе ја увери јавноста во својата професионалност, објективност и непристрасност.
Напротив, СЈО се претвори во филијала на СДСМ. Покажуваше интерес и иницијатива само кога требаше да се спасуваат од одговорност, криминалци како аболицираниот Заев или да се реализираат партиско-политичките нарачани и фабрикувани случаи.

Катица Јанева во СЈО си го вработи сопствениот внук, но и голем број роднини на другите колеги од обвинителството. Јанева ги вработи послушниците на Заев, а им плаќаше огромни суми на пари на самопрогласените експерти и вештаци кои зборуваат како што аболицираниот Заев мисли, односно како што тој ќе им дозволи да кажат.

Катица Јанева се откажа од случајот „Пуч“ и со тоа целосно се стави на страна на криминалот. Катица Јанева покажа дека се гордее кога е препознаена како приврзок на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Сега Јанева, по примерот на својот ментор, фрустрациите од некомпетентоста и немањето докази во фабрикуваните случаи ги лекува со политички напади врз судот и судиите.
Катица Јанева е срам за правната фела и правосудниот систем во Република Македонија“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?