ВМРО-ДПМНЕ: СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат

Од:

„Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Тие ја имаат улогата на цензор за да расчистат со медиумите кои не му се под контрола и кои самиот Заев ги прогласи за непријатели.

ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши работата.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува и затвoра медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови на СДСМ и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Заев како експерти.

Со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина