Костовски: СЈО која делува како општинска организација на СДС води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Кристално јасно е дека СЈО која делува како општинска организација на СДС води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

Еклатантен пример на непочитување на законот преставуваат информациите дека и покрај завршувањето на рокот, СЈО продолжува со хајката на истражни дејствија и притисоци.

Член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите гласи:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.

Согласно овој член, а тргнувајќи од фактот дека рокот од 18 месеци во кој Катица Јанева можеше да покрене обвиненија истече на 30-ти јуни 2017-та година, Катица Јанева после 30-ти јуни нема овластување за истражување и гонење на кривични дела за кои беше надлежна согласно донесениот закон.

Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да превзема понатамошни дејствија во предистражни и истражни постапки за превземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30-ти јуни не покрена обвинение, ниту има овластување и надлежност за отворање и водење на нови кривични постапки.

Доколку Катица Јанева после 30-ти јуни превзема понатамошни дејствија во предистражна и истражна постапка за превземените предмети и материјалите за кои заклучно 30-ти јуни не покрена обвинение, или отвора и води нови кривични постапки, сите превземени дејствија имаат третман на незаконски дејствија. Катица Јанева ќе го прекрши законот.

Законите во оваа држава важат подеднакво за сите и никој не е над законот како што знае да каже и Катица Јанева. Укажуваме дека истата не е над законите во оваа држава.

Воедно СЈО е должно сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник. Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето преставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар