ВМРО-ДПМНЕ: СЈО имаше задача да конструира неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев

Од:

„СЈО е во служба на Заев и СДС, а не на законот и правдата.

СЈО имаше задача да конструира неиздржани политички обвиненија по нарачка на Заев. СЈО требаше со конструкциите да покаже дека сите се исти во политиката. СЈО требаше да го релативизира барањето на поткуп од страна на Заев кое го видоа сите граѓани.

СЈО успеа да конструира политички обвиненија и преку притисоци врз судот издејствува неосновани одлуки да се одземаат пасоши само на функционери на ВМРО. СЈО успеа да наметне селективен политички прогон како во времето на комунизмот, но не успеа да ја намали поддршката на ВМРО меѓу народот.

Народот ги гледа антидржавните политики на СДС и Заев и знае дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената алтернатива. Затоа Заев и СЈО се избезумени.

Сега СЈО доби нова улога како да му помогне на исплашениот Заев. Треба да се вмешаат во претстојните локални избори. Тоа го прават на два начина. Преку поведување постапка против двајца членови на ДИК треба да испратат порака и да ги заплашат и останатите. Преку обвинение против пет судии за донесена пресуда, треба да ги изолираат нив, но и да ги заплашат останатите судии од Управниот суд дека Катица Јанева и Заев се семоќни во оваа игра се вклучи и судскиот совет кој потклекна на притисоците и без никаков аргумент им го одзеде имунитетот на судиите само затоа што суделе по закон и според сопственото судско убедување.

Однесувањето на обвинителите во СЈО е незаконско и со секојдневното нивно постапување прават кривични дела. Власта на Заев нема да трае вечно. Со неговото заминување, ќе се врати правната држава, а секој индивидуално ќе одговара за незаконските постапни без разлика дали тоа го правел под притисок“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ