ВМРО-ДПМНЕ: СЈО и СДСМ вршат притисок врз судот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СЈО не поседува никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави несвојствени за едно обвинителство се обидуваат да ја покрие својата пристрасност и непрофесионалност.

– Неверојатно е што денес кога по интервенција на СЈО се одложи рочиштето, токму тие напаѓаат и обвинуваат друг за тоа. Доколку не беше интервенцијата на СЈО денеска рочиште ќе имаше и брзо ќе можеше да се види вистината, но и лагите и конструкциите на СЈО како и на измамникот Жерновски, се вели во пишаната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на градоначалникот Андреј Жерновски и обвинителката Фатиме Фетаи.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СЈО и владејачката гарнитура во континуитет преку јавни изјави и заплашувања вршат притисок врз судот. Нагласуваат дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ се предмет на типична политичка хајка и прогон, а Никола Груевски и останатите уредно и редовно изразуваат почитување на судот и на законските процедури и притоа не смислуваат квази алиби.

– ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови се убедени дека секогаш ги почитуваат и ќе ги почитуваат законите, а времето ќе покаже дека сето ова што организирано го прават СДС и СЈО се само груби и неумесни конструкции и класично политички монтирани случаи, се наведува во реакцијата.

Жерновски, како што се наведува, кога би бил посветен на работа колку што е посветен на давање клеветнички изјави и манипулација, тогаш општина Центар би имала многу повеќе проекти за граѓаните.

– Тој мисли дека колку повеќе зборува на други теми, толку помалку ќе се гледа неговото неработење и безделничење. Жално е што еден градоначалник единствено по што може да биде актуелен се невистините и конструкциите кои ги прави, а не проектите и решавање на проблемите, стои во пишаната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода