ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги бие битките на Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека „СЈО функционира како општинска организација на СДСМ која ги бие политичките битки на Зоран Заев против неговите неистомисленици“.

СЈО, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „спроведува нарачан политички прогон врз сите што не мислат исто како криминогеното раководство на СДСМ“.

– Денеска СЈО продолжи со политички прогон против медиуми и новинари кои не се под контрола на Заев и кои од негова страна беа прогласувани за најголеми политички непријатели, шпиуни, лажговци и јавно беа навредувани. СЈО се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите кои не работат како што сака Зоран Заев. СЈО продолжува директно да го гази основното право на слобода на говор како највисок демократски принцип. СЈО е срам за целиот правосуден систем, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СЈО.

Денешниот настап на буквата „Т“, истакнуваат од партијата, беше целосно во функција на дефокусирање од тиранската платформа која, како што се посочува во соопштението, уценетиот Заев ја прифатил само за да дојде на власт и да се спаси од одговорност за сторениот криминал.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина