А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е политички огранок на СДС

by А1он06/07/2017 - 15:01147
Share0

„СЈО е политички огранок на СДС и тоа го докажува со секоја своја постапка.

Следете a1on на Instagram Instagram

СЈО не постапува правно и врз основа на аргументи, туку извршува политички наредби.

Затоа на СЈО единствен таргет му е ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СЈО води политички монтиран процес чија цел е кршење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на Република Македонија.

Дека целта на политичката хајка која ја води СЈО е ВМРО-ДПМНЕ доказ е фактот што во нивните монтирани случаи се опфатени стотина лица од партијата. Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Заради тоа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг. Значи има мерки за претпазливост само за членовите и симпатизерите од ВМРО-ДПМНЕ но не и од други политички париии. Само врз пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се применуваат мерки за претпазливост, а не и врз други пратеници, што јасно укажува дека ние имаме процес на целокупна политичка хајка само против членови и симпатизери ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Целта на СДС преку СЈО е гушење на опозицијата и убиство на демократијата. На дело се спроведува инквизиција во 21 век, на европско тло. Овој процес нема никаква врска со правото. Со овој процес се поништува правото.

Со оглед на тоа што политизацијата е главната водилка според која се води СЈО и СДС, и со оглед на фактот што помина законскиот рок за покренување на обвиненија и нови истраги, а имаа цели 18 месеци да работат на тоа, согласно законските нормативи незаконски снимените материјали со кој располага сега во моментов СЈО мора да бидат уништени.

Зошто и се на Катица Јанева незаконските снимените приватните разговори? ВМРО-ДПМНЕ бара Катица Јанева да го почитува законот, да отпочне процедура за уништување на разговорите за спречување на секаков ризик некој да биде уценуван во иднина.

Секое друго однесување ќе биде ново кршење и непочитување на законите. Од правна институција СЈО станува главна политичка алатка за жигосување на луѓе и на политичка манипулација.

Фактички и правно треба СЈО да започне да ги почитува законите и да престане да делува како некаква општинска организација на СДС“, изјави Крсте Јовановски.

dpmnesdsmsjo

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:21

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео