ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е инструмент диригиран од СДС

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека кривичните постапки на Специјалното јавно обвинителство се тенденциозни и политички мотивирани и дека сите акции кои ги презема СЈО се во насока на оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Заев.

– Зоран Заев јавно говореше дека не ги признава судските одлуки и не одеше на рочишта, а судот му го врати пасошот. Охрабрени од ваквите привилегии за Зоран Заев, кој има третман дека е над законот, СЈО се впушти во политичка авантура неосновано да бара мерки за обезбедување за неговите неистомисленици. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја опструира правдата, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и законот. Барањата за притвор на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ беа желба на Заев со која би го елиминирал стравот од поразот кој го чека на локалните избори, изјави претпладнево Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, почнувајќи од „Титаник“ преку, како што рече, „измислените тврдини, траектории и тенкови“, сите обвиненија се без основа и срам за правосудниот систем и за оние кои ги конструирале.

– На граѓаните на Република Македонија им е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС. Обвиненијата на СЈО се само наратив од прес-конференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е право и правда, ниту има каква било допирна точка со правото и правдата. Ова е политика, додаде Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања