ВМРО-ДПМНЕ: Штетата од неодговорноста на Заев ја плаќа Македонија

Од:

Дојде крајно време Зоран да го праша Заев дали тој бил цел на руски – анти НАТО заговор или заради неговата лекомисленост цела година бил „возен“ од двајца комичари?, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев, преку соопштение.

„Денешната изјава на Зоран дека комичарите настапиле приватно и ја искористиле неговата неодговорност е признание дека Заев ја лажел целокупната јавност за некаков заговор на Руската федерација против Македонија. Многу несериозно и од Зоран и од Заев. И Зоран и Заев се срам за Македонија.

Доколку комичарите не ги објавеа разговорите и Зоран и Заев ќе мислеа дека се уште се во комуникација со поранешниот Претседател на Украина Петро Порошенко и ќе му испраќаа фотографии од средби со сомнителни типови инволвирани во скандали и афери во земји кои се докажани пријатели на Македонија. Толку од капацитетот и на Зоран и на Заев и на нивните советници.

Штетата од ваквата неодговорност за жал, на крај ја плаќа Република Македонија, бидејќи не постои сериозен меѓународен партнер кој со премиер како Зоран Заев би споделувал доверливи информации кои потоа би биле прераскажувани.

Извинувањата не се доволни. Зоран Заев мора да понесе одговорност и да си даде оставка. Колку побргу се формира техничката влада и колку побргу се одржат избори, толку помала ќе биде штетата по Република Македонија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ