ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со нови партиски вработувања, само преку Комунална хигиена и Дрисла ќе потроши речиси 300 илјади евра

Од:

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов продолжува да го превработува градот преку претпријатието Комунална хигиена со склучување на нов договор за привремени вработувања во износ од 9 милиони денари, односно 150 илјади евра.

„Овие вработувања се партиски во пресрет на изборите и ова претставува злоупотреба на состојбата за Шилегов наместо да го помогне градот, ја помага партијата. Вчера објавивме дека за партиски вработувања во Дрисла ќе потроши 8.6
милиони денари или 140 илјади евра. Само преку Дрисла и Комунална хигиена за нови партиски вработувања Шилегов ќе потроши речиси 300 илјади евра. Ова се вика изборен поткуп и злоупотреба на парите на скопјани со кој располага
Шилегов. Нема објаснувања за зголемен обем на работа ниту на кој начин ги оправдува ваквите трошења за партиски вработувања“, додава пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

Орце Костов

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он

Џафери: Оди пресметај се со син ми, не си му ни до мал прст – Пази малку, не си во шума, му врати ВМРО-ДПМНЕ

А1он