ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов сам закажува, сам откажува сослушувања, како Анкетна комисија да е негова играчка

Од:

Постојат деловници за работа и тие мора да ги почитува Петре Шилегов, без оглед на неговите автократски аспирации. Работењето на Анкетната комисија е сериозно и вакви маалски финти тука не проаѓаат. Собранието на Македонија не е фејсбук профилот на Шилегов, за да ги ослободува фрустрациите обидувајќи се да наметне авторитет.

Ова го посочува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Шилегов на која го објави распоредот на испитување на сведоците пред Анкетната комисија.

– Целата јавност до вчера мислеше дека Петре Шилегов бара 2 гласа во Анкетната комисија, а тој денеска си додели право на 9 гласа. Сам закажува, сам откажува седници и сослушувања, како целата Анкетна комисија да е негова приватна сопственост и играчка. За него не постои ни деловник за работа на Собранието, ни деловник за работа на Комисијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Желбата на Шилегов да го диктира работењето на Анкетната комисија, се додава, е во склад со демократскиот капацитет на неговата партија. СДСМ сака да диктира како ќе работат медиумите, банките, полицијата. Диктатот е потпис на СДСМ, а денес тоа го потврди и Шилегов.

– За ситни политички поени Шилегов по обичај се обидува да манипулира и лаже, и покрај тоа што како претседател на комисијата ги знае сите податоци кои треба да ги знае. Шилегов не успеа да одолее на приликата барем за кратко да се почувствува како сопственик на Анкетната комисија и да си ја реализира јавно искажаната желба неговиот глас да вреди повеќе од сите останати, желба која не му се оствари, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања